Додатоци 2016: Накит во косата

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Врзувањето на косата во висока пунџа е нешто што сите дами го правиме. Тоа е лесен начин да ја држиме косата подалеку од лицето додека се шминкаме наутро или дури да се изладиме во жешките летни денови.491fb2d5b4a4a5364a2a5bcad2fae28e

Се разбира, оваа фризура влегува во употреба кога сме во салата или едноставно немаме време да ја измиеме косата.

Без разлика каква е причината да изберете висока пунџа, сите можеме да се согласиме дека фризурата е погодна за секоја дама, без разлика дали е со кратка или долга коса.

До сега коковите ни стоеја некако .. осамени. Се разбира, модната индустрија се погрижи и за тоа, создавајќи и наметнувајќи нов тренд кај додатоците.

Најубавиот накит за коса е најдобро решение за промена на обичниот ластик и го менува изгледот за неколку секунди.

Без разлика дали сте љубител на масивни додатоци или се држите до едноставна класика, сигурно ќе успеете да најдете нешто што ќе ви оди.

Можете да го разгледате накитот за коса и да ја откриеме својата инспирација во нашата галерија.