Една од причините за тековниот бегалски поток од Блискиот Исток е криминалната инвазија на САД во Ирак, вели истакнатиот американски филозоф Ноам Чомски, кој ја нарекува оваа инвазија “најголемото злосторство на векот”-пренсеува DW.

Eмран Фероз: Обама е на крајот на претседателскиот мандат. Што остана од она што го објави во историската говор во Каиро и како ја оценувате неговата политика за Блискиот Исток?
Ноам Чомски: За мене говорот во Каиро беше прилично несодржаен, не очекував да доведе до сериозни резултати и тогашниот мој впечаток последователно се потврди. Позитивно во политиката на Обама беше воздржувањето од агресивна надворешно-политичка интервенција од ваков вид како малициозната инвазија во Ирак – најголемото злосторство на овој век. Позитивно може да се оцени и нуклеарниот договор со Иран, иако до него можеше да дојде и значително порано.
Главната работа што Обама вети на Блискиот Исток, е глобализирана војна со дронови која открива нова ера на меѓународниот тероризам. Оваа војна, според мене, ќе се зголеми енормно и ние ќе го видиме не само новиот процут на технологијата на дроновите, а и тоа дека таа ќе се покаже лесно употреблива и од страна на различни терористички групи.
Емран Фероз: Арапските диктатури во Египет и во Сирија се покажаа исклучително жилави. Сметате ли дека Арапската пролет конечно не успеа?
Ноам Чомски: Не можеме да кажеме дали навистина е така. Имаше напредок, но сега настапи пресврт. Работничкото движење во Египет на пример, што беше важен и водечко дел од отпорноста движења на Арапската пролет, успеа да извојува важни победи. Мислам дека сепак диктатурата на Ал Сиси нема да е во можност да ги реши огромните проблеми на земјата. Во Сирија гледаме нешто друго – по кратката фаза на подем кон слобода и демократија земјата заглави во самоуништување. Сите обиди да се стави крај на несреќата доведе до уште поголем хаос. Насилството сепак по секоја цена треба да се прекине.

Емран Фероз: Носи ли, според вас, и американската администрација вина за сириското самоуништување?
Ноам Чомски: Тешко е да се каже. Режимот на Асад е монструозен и одговорен за повеќето неправди во Сирија. “Исламска држава” (ИД) е вториот монструозен виновник за нив, а Фронт ал Нусра, претставник на Ал Каеда во Сирија, не се разликува многу од неа. Има и други групи кои дејствуваат во Сирија, кои се тесно поврзани со ИД. Курдските групи успеаја да ја заштитат својата територија и да наметнат донекаде својата власт. Постојат и голем број на други групи – како локалните милиции и делови од првичното реформистичко движење – како и други, демократски елементи. Дискутабилно е дали тие воопшто можат да влијаат на конфликтот. Во принцип во Сирија постои шарена палета на многу различни групи. Поради тоа за сега има само минимален напредок за наметнување на примирје, но и тоа е сепак подобро отколку целосно уништување на Сирија.
Емран Фероз: Можеше ли администрацијата на Обама да постигне напредок во блискоисточниот конфликт?
Ноам Чомски: Ни најмалку. Не видовме ништо повеќе од декларации за идни намери. Надвор од нив во блискоисточниот конфликт нема никакво раздвижување. Администрацијата на Обама дури беше меѓу оние американски влади кои најмногу ја поддржуваа израелската експанзија. Додека останатиот свет ја критикуваше илегалниот изградба на еврејски населби, САД ја поддржуваат позицијата на израелската влада за ова прашање. Вашингтон му излегува на Израел со воена, дипломатска, економска и дури идеолошка поддршка за продолжување на планираните градби. Највпечатлив чекор на Обама по ова прашање беше ветото над резолуцијата на ОН за ограничување на изградбата на нови населби, наметнато од САД во Советот за безбедност во февруари 2011 година. Во моментов американската влада ги продолжува преговорите со Нетанјаху – и тоа за зголемување на финансиската помош која ќе доведе практично до проширување на конструкцијата. Истовремено сме сведоци на последните бескрупулозни напади на Израел во Газа, кои САД ги поддржуваат.
Емран Фероз: Национализмот и десниот екстремизам како се повеќе да пуштаат корени во Европа. Луѓето кои бегаат од ужасите на Блискиот Исток и во други делови на светот, се претвораат во објект на омраза од страна на десно-популистички и анти-исламски групи. Можеме ли да очекуваме дека влијанието на овие сили ќе продолжи да се зголемува?

Ноам Чомски: Политичките последици во контекст на бегалската криза се ужасни. Во Австрија, на пример, еден неонацист е на пат да освои голем политички успех. Притоа Австрија не прифатила многу голем број бегалци. Од европските земји најмногу прифатила Шведска – околу 150-160 илјади. Земјата има население од околу 10 милиони луѓе, што значи дека 1,5% од тоа население веќе е со бегалско потекло. Поинаку стојат работите со Либан – една прилично сиромашна земја, чие население во меѓувреме се состои од околу 40 проценти од бегалците, а 25% од нив се од Сирија. Јордан исто зеде многу бегалци. Во споредба со овие земји Европа прави премалку.
Прашањето е, се разбира, од каде доаѓаат бегалци? – Доаѓаат главно од Блискиот Исток, но и од Африка. Европа има долга историја во Африка. Последните векови се обележани од експлоатацијата и разурнувањето на африканскиот континент. Последиците се пројавуваат и до денес и тие се една од причините зошто толку многу Африканци продолжуваат да доаѓаат кон Европа.
Многу се причините за тековниот бегалски поток од Блискиот Исток. Една од нив е американската и британската инвазија во Ирак, која целосно ја уништи оваа земја. Постојат држави кои со својата политика во регионот предизвикаа бегалски струи – и на овие држави се додаваат САД, Велика Британија и други европски земји.