Атвуд: Ширете ја вашата литература низ светот

од Vladimir Zorba
89 прегледи

DA11DC37-1D4E-4173-9E19-4267B46B5CEE_w987_r1_s

Годинешниот добитник на највисокото признание на 55 то издание на Струшките вечери на поезијата „ Златниот венец“, Маргарет Атвуд, канадска романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка,изјави дека поезијата во помалите земји, меѓу кои ја вброи и Канада иако географски голема е позначајна.

„Охрабрувачки е што посветувате толку големо внимание на поезијата, која често е потцената во однос на прозата. Во помалите земји поезијата е многу поважна отколку во големите земји каде што има издавачки империи“, изјави Атвуд.

Атвуд посочи дека писателите мора да пишуваат и мора да имаат многу добри преведувачи кои ќе направат добар превод за меѓународна афирмација.

Канадската писателка денеска засади дрво во Паркот на поезијата во Струга. Првата прочитана песна „Време“ ја посвети на поплавите што се случија во Скопско/извор РСЕ

Слични содржини