Најстариот жив човек на земјата можеби има 145 години

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Image_5732741_126

Маж од Индонезија, кој тврди дека има импресивни 145 година, може да се покаже како најдолговечен човек кој живее на Земјата, пишува британскиот весник The Telegraph.

Според документите за идентификација Мбах Готхо од Сраген, лоциран во централниот дел на најнаселен индонезиски остров Јава, е роден на 31 декември 1870 година. Локалните власти соопштуваат дека конечно беа во можност да го потврдат значајниот датум како вистински..

Ако независна проверка докаже за верни наодите, тогаш Индонезиецот ќе влезе во историјата како најдолговечен човек кој живеел на планетата. Иако е неверојатна долговечноса сепак, Готхо признава дека има малку желба да остане на овој свет. “Она што сакам е да умрам. Моите внуци се сега независни”, вели индонезиецот.