Дури и повеќето стилски жени имаат свои мали, валкани тајни. И во најголем дел, многу од нив се во буквална смисла валкани – очигледно не сме многу на “ти” со адекватното перење на облеката.
Излезе дека многу од нас би ги фрлиле релативно кратко време по купувањето производите, на чија етикета пишува дека се само за рачно перење и би носеле иста облека неколку дена, ако нема кој да не види.
И да не почнуваме дури и со она што се случува во темните агли на гардероберот.
Ви ги претставуваме целите внатрешни срамни модни гревови, за кои многу од жените во секундата би биле прогласени за “виновни”.
1 . Ние носиме ист градник со недели
… И не го переме. Кој те гледа под блуза и кој те гледа дали градникот е различен. Може пак да имаме три идентични или осум црни.
2 . Ја сечеме етикетата и лажеме дека е од “одличен дизајнер”
Еми, се случува. Ја сечеме етикетата од големата продавница и со чиста совест при комплимент споделуваме дека токму сега сме откриле една млада дизајнерка, која прави по еден број.
3 . Симулираме проблем со нозе, за да не објаснуваме зошто не носиме потпетици
Добро, признаваме дека е многу убава глетка жена на високи потпетици. Сепак помислата дека треба да поминеме на овие потпорници во просек 8 часа, веднаш одвраќа. Кога ќе си измислиш некоја мала повреда, никој нема ни да забележи.
4 . Уште переме кај мама
Да, самостојни сме независни … и пак переме кај мама. Од точно две причини – така имаме прилика да се видиме со родителите и да се комбинираат бизнисот со задоволството.
5 . Ние носиме иста облека два дена по ред
Ако сме сигурни дека луѓето од првиот ден нема како да не видат во вториот.
6 . Колку пати сте го испрале шалот?
Нема потреба да одговориме на ова прашање. Не се многу.