105
Потребни производи:
- 3-4 просечно големи тиквички
- 2-3 лукчиња
- 125 г крем сирење
- 1 коцка пилешки бујон
- микс од црн пипер
- ½ врска свеж копар
- 100 г ситно мелени ореви
Измијте и исечете ги на големи коцки тиквичките, излупете и исечете го на половинки лукот. Ставете го зеленчукот во тенџере со вода, заедно со пилешката супа. Сварете го до нивно целосно омекнување.
Оставете добро да се изладат во водата и потоа додадете голем исечен копар, заедно со крем сирењето. Зачинете со мешавината од црн пипер. Оставете за 30 минути во фрижидер да се олади добро.
При сервирање посипете одозгора со ситно мелени ореви.
• Ако супата стане густа, додадете малку ладно млеко и мешајте повторно. Не користете крем!
• За повеќе свежина кај пасираната смеса може да додадете свежи листови нане.
• Може да ги замените оревите со лешници.