
Помина речиси една година откако американските еколошки власти го обвинија “Фолксваген” (VW) за кршење на законите за загадување со инсталирање на софтвер, кој ги манипулира резултатите од тестовите за емисии на издувните гасови.
Во јуни компанијата постигна вонсудско решение и реши да плати над 15 милијарди долари, но на хоризонтот се поставуваат уште дела и евентуални поголеми плаќања.
Спорот на германскиот производител со два надворешни добавувачи влезе со полна сила во водечките наслови овој месец. Тоа сепак беше само незначително одвраќање од понатамошните проблеми со кои се соочува, поради емисиониот скандал.
“Фолксваген” веќе ја договори најголемата во автомобилската индустрија сума која ќе ја добијат сопствениците на дизел автомобилите, трговците и властите во САД, но тоа нема да биде доволно за да се справи со скандалот.
Можно е дополнителните трошоци да изнесуваат милијарди долари.
Како нешто да се претвори речиси во месечен ритуал, а судијата Чарлс Брејер закажа за во (четврток 25-ти август) во Сан Франциско сослушување за случајот, вклучувајќи стотици граѓански тужби против VW.
Компанијата соопшти пред судот дека е постигнат принципиелен договор за компензација на своите 650 претставништва во САД, но не наведе детали. Според извори станува збор за најмалку 1.2 милијарди долари.
Агенда на сослушувањето
Десетици илјади дизел автомобили имаат илегален софтвер, кој манипулира со проверката на емисиите. VW успеа да постигне договор за милијардите со тужителите, држејќи ги повеќето од засегнатите од купените автомобили. Околу 85.000 други возила сепак продолжуваат да бидат контроверзни. Овие автомобили, претежно се со 3-литарски мотор, развиен од страна на Audi, кои беа ставени под прашање дури подоцна.
Компанијата не успеа да им го претстави на властите прифатливото решение за модификација на поголемите возила како Touareg, Porsche Cayenne или Audi A8.
Минатиот месец судот на Калифорнија го отфрли план за преземање. Адвокатот на VW Роберт Џуфра тврдеше со уверување дека работите се на пат да бидат решени наскоро. Судија Брејър додаде до разбирањее дека трпението му е при крај. Сега тој инсистира за подетални препораки.
Каков ризик создава VW 3-литарски мотор?
Експертот од автомобилската индустрија Фердинанд Дуденхофер од Универзитетот Дуизбург-Есен предупреди дека угледот на VW ќе биде лош. “Американците ќе бидат одбиени”, додаде тој. Евентуално вонсудско решение може да биде полесно, бидејќи бројот на автомобилите е значително под 480-те илјади автомобили со помалите 2-литарски мотори. VW плаќа околу 15.3 милијарди долари, за да завршат овие случаи. Во прилог на надоместоците и трошоците за поправка или симнување се вклучени речиси 5 милиони долари, кои VW треба да им ги плати на американските фондови за заштита на животната средина. Дури VW да се извлече благо, тоа нема да биде поевтино.
Надоместокот за клиентите може да биде повисок, бидејќи автомобилите се поголеми и поскапи, објасни Дуденхофер. Може да е висока трицифрена вредност израена во милиони или едноцифрена во милијарди, но тоа е во зависност од тоа – дали ќе се најде прифатливо техничко решение, прецизира тој.
VW натрупа 16,2 милијарди евра (18,2 милијарди долари) резерва и веќе е јасно дека во однос на трошоците во спорот со добавувачите кои аналитичарите проценуваат на околу 100 милиони евра, при делата во САД станува збор за сериозни суми.
Со какви други закани се соочува VW во САД?
Има уште неколку закони што се”мински полиња”. Веднаш откако беше постигнат принципиелен договор за милијарди долари, неколку американски држави го следеа примерот. Мериленд, Масачусетс, Њујорк и Пенсилванија тврдат дека компанијата ги прекршила нивните закони за животната средина. Судот во Вашингтон веќе одреди казна од 176 милиони долари. VW се стреми да има прегови и за овие случаи; а преговорите треба да започнат најдоцна на 1 ноември. И други американски држави би можеле да поднесат побарувања кои уште повеќе би ги поскапеле работите за VW.
Покрај тоа, Министерството за правда на САД се уште истражува можно злосторство, што значи дека може да има кривични последици за автомобилскиот производител.
Вонсудска спогодба за 15 милијарди долари не е конечна. Клиентите имаат рок до 16 септември да одлучат дали тоа да го прифатат. Брејер закажал расправа и за 18 октомври, кога уште еднаш сака да биде информиран детално за целоит развој и дури потоа да одлучи конечно дали да го одобри или не договорот.