Поранешниот шеф на Мосад ја откри најголемата закана -Прво не споредувајте историјата не се повторува!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Внатрешното поделба може да доведе до граѓанска војна, предупреди Тамир Пардо 1472625833-5041699

Најголемата закана за Израел не е Иран, туку зголемената поларизација внатре во израелското општество, е оценката на поранешниот шеф на Мосад Тамир Пардо. Ова е негово прво јавно говорење, откако во јуни се повлече од функцијата во израелското надворешно разузнавање, објави “Ерусалим пост”. “За Израел нема надворешна егзистенцијална закана, единствената вистинска егзистенцијална закана е внатрешната поделба“, рече Пардо на настан во чест на загинатите војници .”  Внатрешната  поделба може да доведе до граѓанска војна – ние веќе се наоѓаме на патот во оваа насока. Ако општеството премина одредена линија во својата поделба и омраза, постои реална можност да го видиме феномен како граѓанска војна “. Општеството како целина носи одговорност за спречување на овие поделби, а не само раководството на земјата, дополни поранешниот шеф на Мосад.
Во одговор на прашања на новинари за палестинското прашање Пардо рече дека без дипломатско решение на израелско-палестинскиот конфликт “ние никогаш нема да сме способни да постигнеме нормализирање со нашите арапски соседи “. Пардо исто така  зазеде однос по изразената претходно овој месец позиција на Министерството за одбрана, во која договорот меѓу шесте светски сили и Иран за ограничување на нуклеарната програма на Техеран беше споредена со Минхенскиот договор од 1938 година, што овозможи на нацистичка Германија да анектира делови од Чехословачка. “Не може да споредувате тиква со грозје. Што се случило пред век е различно од она што се случува денес. Историјата не се повторува. “