Елитна единица на севернокорејската армија добила специјални ранци, кои распрскуваат радиоактивен материјал, соопшти весникот Independent.Според изданието во Северна Кореја се формирани специјални сили, кои веќе спроведуваат обуки со новите ранци.
“Најдобрите војници се избираат од секој разузнавачки вод и лесна пешадиска бригада, за да се формира единица со атомски ранци, која е со големина на баталјон”, наведува изворот пред радиото.

Ранците се претпоставува дека тежат помеѓу 10 и 30 килограми и може да дисперзираат радиоактивен материјал, најверојатно ураниум, кон непријателот.
Слики, распространети од властите во Северна Кореја покажаа војници со ранци, на кои го има жолто-црниот симбол за радиоактивна содржина, како маршираат за време на парада по повод 70-годишнината на владејачката во земјата комунистичка партија. Слични ранци можат да се видат и во текот на парадите од 2013 година.
https://youtu.be/AZHpasMdBP8
Информациите за ранеците се појавија откако порано јужнокорејските власти соопштија дека Северна Кореја егзекутира еден од своите вицепремиери поради прикажано непочитување за време на собранието, со кое претседаваше високиот лидер Ким Јонг Ун. Причина за егзекуцијата е тоа што вицепремиерот за прашањата на образованието Ким Јон Џи заспал за време на состанокот.