Партијата на Меркел губи избирачи за сметка на крајнодесничарската “Алтернатива за Германија”

од Vladimir Zorba
79 прегледи

zx450y250_2820197

Поддршката за Демохристијанската партија на германскиот канцелар Ангела Меркел (ХДЗ) се намалува, откако се повеќе избирачи се свртија кон антиимигрантските “Алтернатива за Германија” – една година откако канцеларката си навлече сериозни критики поради својата одлука да ги отвори границите на земјата за сите бегалци. Ова покажува новото истражување објавено денеска, пренесе “Ројтерс”.

Истражувањето на Forsa покажува дека поддршката за конзервативците на Меркел – се уште прва политичка сила во Германија – но е намалена за 2 поени во однос на минатата недела и со цели 8 однос од минатата година и веќе е 33 проценти. Во исто време рејтингот на “Алтернатива за Германија” расте со 2% и веќе 12 поени повеќе – односно тоа е нивниот втор најдобар резултат во оваа година.

Истражувањето покажува растечко незадоволство кон политиката на Меркел, на владејачка партија која го троши веќе третиот мандат и една година пред парламентарните избори во Германија, наведува “Ројтерс”.

Околу 1 милион мигранти, главно од конфликтните зони како Сирија, Ирак и Авганистан, побараа азил во земјата минатата година. Тоа предизвика стравувања колку ќе чини ја Германија и како ќе бидат интегрирани овие луѓе. Сето ова доведе до зголемување на популарноста на крајната десница во лицето на “Алтернатива за Германија”.

За да го ограничи бегалскиот поток, Меркел го поддржи договор на ЕУ со Турција за враќање на илегалните имигранти. Тоа предизвика критики дека таа соработува со авторитарен лидер (турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган), кој повеќе пати е обвинуван дека ги крши основните човекови права и слободи.

Во објавено денеска интервју Меркел коментира дека Германија и други европски земји премногу долго ја игнорираат бегалската криза.

Сега ХДЗ се соочува со можноста од тешки загуби на претстојните локални избори во две провинции – оваа недела во Мекленбург-Западна Померанија – и во Берлин на 18 септември. Се очекува “Алтернатива за Германија” да се претстави добро и на двете места.

Според истражувањето на Forsa поддршката за останатите партии останува непроменета. Рејтингот на коалициониот партнер на Меркел – социјалдемократите – е 22%.

Освен тоа 62% од испитаниците сметаат дека новата стратегија за цивилна заштита, која ги советува Германците да држат дома залихи од храна и вода во случај на вооружен напад, терористички напад или несреќа, се само ширење на паника.