Париски стил со Карл Лагерфелд

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Дамите родени и одгледани во Париз сигурно се слават како едни од најголемите модни предводнички.87ef254660ca222c5bacac3d183193ec

Токму со оваа тема се развива и новата рекламна кампања на истоимената модна куќа на Карл Лагерфелд.

Кајзер Карл ги ангажира за лица на култнара колекција ” Paris” моделите Хејли Болдвин и Џоан Смолс.

Двете позираат во кадри,  на позадината на Ајфеловата кула и мостот Пон Нјоф – едни од најпрепознатливите обележја на градот во целиот свет.

Моделите ги покажуваат новите предлози на брендот, меѓу кои компоненти од чипка,  облека и јакни, инспирирани од моторните спортови.

Сите кадри се снимени во црно-бел дизајн и се дело не на кого да е, туку на веќе усовршениот објектив на Карл Лагерфелд.

Целата рекламна кампања кон модната куќа Karl Lagerfeld можете да ја видите во нашата галерија.