Случајот “Сирија” и парадоксот со бескрајната војна

од Vladimir Zorba
82 прегледи

zx450y250_2820536 (1)

Има еден факт околу војната во Сирија, кој, се чини, нема наскоро да се промени: овој конфликт го уништи секој обид за мирно решение.

И покрај бројните обиди, мирни конференции и интервенции – како последната иницијатива на Турција – единственото нешто што се менува, е зголемувањето на страдањето на локалните жители.

Според експертите интервјуирани од “Њујорк тајмс”, слични конфликти обично траат деценија. Војната во Сирија започна во 2011 година, но има голем број на фактори кои дополнително може да ја продолжат и жестоката војна. Весникот ги презентира поважните од нив:

1. Учесниците во конфликтот нема како да се оштетат

Повеќето граѓански војни завршуваат со загубата на едната страна – поради воен погром, недостаток на оружје, губење на поддршка, итн. Често овој род на конфликти се регулирани со мировен договор поради исцрпеност на двете инволвирани страни.

Тоа нема да се случи засега во Сирија. Иако клучните играчи – Владата и бунтовниците – се доста слаби, секој од нив има поддршка од меѓународни играчи. За претседателот Башар Асад тоа се главно Русија и Иран, а за опозицијата – САД, Турција, Саудиска Арабија и др. Тоа значи дека учесниците во конфликтот никогаш нема да останат без оружје. Освен тоа и двете страни добиваат политичка поддршка од странски влади кои нема како да ја почувствуваат тежината на војната така, како локалните жители.

2. Никој не може да загуби и никој не може да победи

Интервенцијата на странски играчи не само што не води до постепено стивнување на тензиите, но и создава нови предуслови за долготраен ќорсокак.

Секој пат кога една од главните страни во војната почнат да ја губат почваата, се меша некој од странските “поддржувачи” и таа повторно почнува да победува. Ова, за возврат тера на одржување другата страна да се вооружува, да се испраќаат засилувања … Секоја нова ескалација на конфликтот е потешка од претходната и случаите на масовните убиства се зголемуваат без балансот на силите да се промени фундаментално.

Така на пример во последната година САД се повеќе ги поддржува сириските Курди. Колку повеќе расте нивното влијание, толку повеќе расте и загриженоста во соседна Турција, која минатата недела започна операција за воспоставување на контрола над сирискиот град Џараблус (делумно за да не стигнат Курдите).

3. Самата природа на конфликтот претпоставува случаи на жестоки масовни убиства

Во повеќето граѓански конфликти победата на некоја од страните зависи од јавната поддршка. Тоа значи дека противниците би требало да се обидат да ги штитат граѓаните, да ги намалат жртвите – тоа често се испоставува клучно за нивната победа.

Но при војни како оваа во Сирија, каде што двете земји се потпираат на надворешна поддршка, ситуацијата е токму обратна. Играчите немаат интерес да го заштити локалното население и така тоа станува повеќе закана отколку во вреден ресурс. Нападите врз цивилите всушност носат придобивки: ограбени ресурси на противникот, заземањето на негови позиции итн

4. Стравот од пораз го зацврсти статус кво

Ќор-сокакот е поткрепен со несигурноста. Никој не знае како ќе изгледа една поствоена Сирија и како воопшто да дојде дотаму. Но сите замислат далеку полоша ситуација од сегашната. Ова води до стремеж кон зачувување на статус кво. Учесниците во конфликтот се повеќе загрижени да се заштитат она што веќе го имаат отколку да ризикуваат да извршуваат поголеми цели.

На пример лидерите на Сирија се главно алауити. Оваа мала заедница се плаши дека против неа можат да започнат гонења, ако армијата на Асад не постигне убедлива победа. Но, бидејќи такво сценарио е малку веројатно, режимот смета дека ќор-сокакот е најдобар начин за зачувување на заедницата сега, дури и ако тоа го зголемува ризикот на долг рок.

Ситуацијата кај бунтовниците е малку поинаква, бидејќи всушност нема единствена опозиција. Секоја од опозициските делови се бори за различни каузи, а противници на Асад се вклучително и терористички организации како “Исламска држава” и “Џебхат ан Нусра”. секоја од нив има поттик да се натпреварува со другите за ресурс и за бенефиции по завршувањето на војната.

Ова важи и за странските влади кои учествуваат индиректно во конфликтот. На пример Саудиска Арабија и Иран ја сметаат Сирија како поле на битка за регионална власт. Секоја од овие држави, смета дека губењето на поддржка од нив земјтаа ќе ги загрози режимите дома.

5. Пречка за мирот: недостаток на мировници

Често успехот или не успехот на мировните договори зависат од тоа кој ќе стекне контрола врз армијата и силите за безбедност. Во случајот на Сирија ова прашање засега нема одговор.

Ниту една од завојуваните страни не е склона кон договор, бидејќи тоа ќе значи промена во рамнотежата на моќта и закана за нејзините борци. Во исто време, дури и при склучување на мир треба да има некаков тип вооружени сили, кои ќе ја вратат безбедноста и ќе се справат со сите илегални групи.

Во вакви случаи најчесто ОН испраќа мировни сили. Но која земја доброволно би испратила свои граѓани за неопределен период, кои ќе се грижат за враќањето на редот во Сирија особено по горчливо искуство на САД во Ирак?

6. Тренд кон трајна нестабилност

Според научниците, сослушани од “Њујорк тајмс”, најмногу позитивни сценарио за Сирија е постепено намалување на интензитетот на конфликтот поради замор на едната страна и сведува му до не толку жестоки судири, спорадични терористички напади и др. Во најлош случајвојната може да доведе до лавински ефект во соседните земји и трајно дестабилизирање на регионот. Причината? Често победниците во слични конфликти решаваат да ја испробаат својата сила во соседните територии, создавајќи на тој начин меѓудржавни војни.

Токму тоа е насоката во која локалните и меѓународните играчи ја туркаат Сирија. Најмрачните денови за земјата можеби допрва доаѓаат.