Независно од напуштањето на ЕУ Велика Британија е европска земја, рече Џонсон.

Велика Британија останува учесник во европската политика и дипломатија, независно од нејзиното излегување од ЕУ. Тоа го изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата Борис Џонсон. “Какви и да се нашите односи со ЕУ, Велика Британија не ја напушта Европа. Ние сме европска земја, европска земја и ќе останеме непосредно инволвирани во дипломатијата и политиката на нашиот континент “, рече тој пред средбата на министрите за надворешни работи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Потсдам, Германија.
Тој исто така, истакна дека во моментов европскиот континент се наоѓа во многу подобра состојба во споредба со периодот пред 30 години, но и покрај тоа има свои проблеми. / ТАСС