Во Израел, каде, треба чесно да се признае, муслиманите и евреите не секогаш се согласуваат, тие делат иста недоумица и изненадување од настаните на другиот брег на Медитеранот – кампањата на француските градоначалници да забранат на плажите Буркина – костим за плажа кој го покрива целото тело .

Врховниот административен суд на Франција – Државниот совет, ја укина забраната, но градоначалниците на неколку крајбрежни градови изјавија дека нема да се усогласат со судската одлука, цврсто решени да го прекинат носењето на јавни места на Буркините, создадени за да одговараат на исламските норми.
Оваа политика се радува на одредена јавна поддршка, иако провоцира исто огорченост и потсмев од новинарите кои ја истакнаа иронијата дека една либерална држава ги оспорува нормите на исламот, и им наложува на жените да немаат право да ги носат.
Во Израел може и да има длабоки идеолошки и политички разлики меѓу Евреите и речиси 20 отсто муслиманско малцинство, но никогаш не се дојде до забрана на нечија облека на верска основа.
“Чудно е што луѓето се мислат за толку либерални и отворени и покрај тоа не можат да ги трпат другите религии и чувствата на другите луѓе”, рече Рути Соломон, израелска Еврејка која уживаат во сонцето на плажа во Тел Авив.
Зад неа муслиманки, со тела и глави целосно покриени од облека, слични на Буркина, играа во водата или релаксирачки на песок на позадината на црковните камбанарии и минарињата на џамиите на блискиот град Јафо.
“Слушнав што се случува во Европа”, рече Шамс ад Духа Алајан, целосно покриена млада муслиманка која дошла на плажа од Ерусалим. “Ова е лична слобода. Ако сакам да го покријам телото, зошто да не можам да го правам тоа?”, праша таа.
Се разбира, и Израел си има свои карактеистики. Ултраортодоксалните Евреи ја сакаат морскката плажа, како и сите други, но мажите и жените се поделени, не само што имаат сегрегирани плажи, но и наизменични денови за капење за жени и мажи.
Посетивме ултраортодоксна плажа северно од Тел Авив во женскиот ден. Посетителки пристигнуваа со преполни автобуси, облечени во костими кои го покриваат целото тело , и во обезбедуваниот влез слегуваа кон плажа, скриени од љубопитните погледи со висока ограда.
Анат јахав е извршен директор на “Санвејв” (SunWave UV Clothing) израелска компанија која произведува т.н.. скромни костими за капење (modest swimwear) за еврејките и муслиманките, и ги продава и во Израел, и во странство. Според неа муслиманките обично преферираат костими кои ја опфаќаат и главата, а Еврејка – костуми кои го покриваат само телото.
И во двата случаи бизнисот цвета и и таа не може да разбере зошто на Французите смислат да креваат таква гужва.
“Кога гледам што се случува во Франција, мислам дека ние тука сме доста разумни”, рече таа во смеа.
Кампањата во Франција против Буркините следуваше по серија смртоносни напади извршени од исламистички екстремисти кои го застанаа општеството на нокти.
Иако посетителките на плажа во Израел ги симпатизираат на Французите за потребата од зајакнување на безбедноста, тие предупредија дека целта нема да биде постигната на овој начин.
“Во Франција навистина има голем проблем, но Французите треба да се справат со реалниот проблем, а не да се занимаваат со Буркините на плажите”, рече Ширан Рокбан, една од посетителките на плажа во Тел Авив.