
“Разочараниот” Марк Цукерберг се спротивстави против Илона Муск, откако неговиот сателити вреден 200 милиони долари изгоре вчера на поставената ракета.
Леталото требаше да донесе чудото, најбрз интернет во Африка, но сопственикот на “Тесла” крена раце поради “непознати причини”

Шефот на најголемата социјална мрежа Фејсбук Марк Цукерберг изрази “длабоко разочарување” од уништување на неговиот револуционерен сателит во вредност од 200 милиони долари. Апаратот беше направен во прав и пепел, кога вселенскиот брод SpaceX Falcon 9, во сопственост на Илон Муск, се разнесе на лансирната рампа во Кејп Канаверал за време на рутинска проверка пред полетување.

Цукерберг во моментов е на турнеја низ неколку земји од Африка, најверојатно, за да го прослави лансирањето на сателитот. Сателитот требаше да обезбеди широкопојасен интернет конекција за најмалку од 14 земји на Црниот континент.
“Јас сум во Африка и сум длабоко разочаран откако слушнав дека проблем со лансирањето на SpaceX е уништен нашиот сателит, кој требаше да обезбеди врска на толку многу претприемачи и на сите останати на континентот”, напиша Цукерберг.
“За среќа, имаме развиена и други технологии како Аквила, преку кои исто така ќе контактираат луѓето. Остануваме верни на својата мисија да контактираме сите и ќе продолжиме да работиме, додека можностите кои требаше да ги обезбеди овој сателит, не стигнат до сите “, напиша тој.
Изјавата на Цукерберг е очигледен удар во насока на неговиот колега милијардер Муск, кој како резултат на експлозијата изгуби 390 милиони од своето богатство – акциите на компаниите му Тесла и СоларСити паднаа опасно по веста за инцидентот.
Судир меѓу двајцата стана очигледен кога Муск ги користи услигите на конкурентската фирма Твитер, за да одговори на креаторот на Фејсбук. Во свој пост тој негираше дека неговата ракета е виновна за инцидентот. Тој категорично истакна дека причината за експлозијата на вселенскиот брод е “непозната”.