(ВИДЕО+ФОТО) Астрономи открија заспан вулкан на планетата-џуџе Церера

од Vladimir Zorba
165 прегледи

1472823524-sistemen-bufer-5

Вселенското летало “Доун” го набљудувал неколку месеци и тој немал ерупции

Астрономи откриле со помош на вселенскиот апарат “Доун” на НАСА заспан вулкан на површината на планетата-џуџе Церера – најголемиот објект во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на пост на списанието. “Сајанс”.

1472823524-sistemen-bufer-6

Според научниците вулканот е со приближна висина над 4 километри и најверојатно се издигнал за последен пат пред неколку стотици милиони години.
“Откритието е неверојатно, но целосно е неочекувано”, вели Кристофер Расел од Калифорнискиот универзитет.

Докази за минатотои вулканска активност се откривани на многу планети и нивните сателити, но дали таква имало на Церера, остануваше мистерија за научниците до доаѓањето на “Доун”.

1472823521-sistemen-bufer-7 (1)

Заспаниот неактивен вулкан изгледа е формиран од сол и кал, за разлика од слични формации од мраз во оддалечените региони на Сончевиот систем.

Вселенското летало “Доун” го забележал вулканот на Церера неколку месеци и го следел со цел да забележи дали има ерупции.