(ВИДЕО) Ковчегот со телото на претседателот на Узбекистан пристигна во Самарканд

од Vladimir Zorba
83 прегледи

1472844226-kakda

Ислам Каримов почина по мозочен удар на 79-годишна возраст.

Каналот “Фергана” објави видео на кое, како што се претпоставува, е снимен ковчегот со телото на претседателот на Узбекистан Ислам Каримов. Во коментар на видеото се вели дека телото на шефот на државата е пренесен со погребално возило во Самарканд од аеродромот.

Претходно во медиумите се појави информација дека на 79-годишна возраст почина претседателот на Узбекистан Ислам Каримов.

На 27 август Каримов по доживцеаниот мозочен удар итно беше примен во болница во Ташкент. Кај хоспитализираниот беше констатирана кома.

На 2 септември лекарите официјално констатираа биолошката смрт на претседателот.