Речиси сите жени ја користат модата како начин да се изразат себеси и да го приковаат вниманието на околината.
Е, модната индустрија е горд творец на еден од нестандардните додатоци кои некогаш сме ги виделе.
Модниот онлајн бутик Asos им овозможува на своите фанови да се здобијат со … опашка.
Новиот додаток во модата доаѓа во 5 сорти, меѓу кои опашка на диносаурус, лисица, волк, мачка и леопард.
Се разбира, секој од нив носи карактеристични белези на својата инспирација – лисицата е портокалова со бел крај, волкот е сив со црн крај, мачката е тен
ка и црна, леопардот е на точки, а диносаурусот … тој е зелен и долг.
Секој еден од додатоците е со појас, кој се приклештува на крстот, за да … си дојде на местото опашката.
Можете да ги комбинирате со сите ваши облеки или само да ги зачувате за некој подобар повод како тематска забава, на пример.
Можете да го разгледате новиот најдобар пријател на храбрите жени во нашата галерија.