
Аралско Море 2016
Водата на Аралско Море прогресивно се намалува. Ова станува јасно од сателитски снимки на НАСА снимени меѓу 2000 и 2016 година.
Некогаш четвртото по големина езеро во светот почнува да се намалува во текот на 60-те години на XX век;oткако реките кои се излеваат во него се пренасочени од советските власти во нивниот обид да ja претворат пустината во земјоделски регион.

Аралско Море 2000
Во 2005 година Казахстан изгради брана меѓу северниот и јужниот дел на езерото, целосно пресушувајќи го езерото.