Николовски меѓу лозарите: Ова е последна неизвесна година, ќе имате сигурен откуп!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Денес на самиот почеток на бербата на грозјето сме во Кавадарци за да бидеме со лозарите да ги слушнеме проблемите и да ги понудиме решенијата на СДСМ што ќе бидат дел од нашата понуда. Имаме чесна понуда и сакаме да ги решиме проблемите што ги имаат овие чесни луѓе. 101_5209

Oна што е клучно во програмата е што воведуваме во првите 100 дена од мандатот на новата демократска влада  зелена поевтина нафта за 50% која ќе се користи за земјоделската механизација. Воведуваме поевтини вештачки ѓубрива и поквалитетни репроматеријали. Затоа што сметаме дека со намалувањето на производствените трошоци ќе имаме подостоинствен живот  и стандард на лозарите.

Но, она што го ветуваме и гарантираме дека ќе го реализираме е што ќе има сигурен откуп на производството т.е. на грозјето. Ќе застанеме во решавање на проблемите на винариите, но и проблемите што ги имаат лозарите. Имаме системски решенија и мерки и затоа велиме дека 30 дена пред откупот ќе се договараат цените по коишто ќе се откупува. Тоа се само дел од решенија и мерките за коишто се обврзуваме веднаш да ги реализираме и цврсто стоиме зад овие системски решенија.

Исто така, во целиот овој период во Неготино и Кавадарци пред околу половина година Владата, министерството, министерот и заменик министерот ветија дека проблемите на лозарите ќе ги решат со тоа што рокот за исплата на грозјето ќе се скрати од 6 на 3 месеци.  Видовме пред само неколку ден истите луѓе ги враќаат старите решенија.

Денес слушнав дека министерот во Кавадарци имал средба со лозарите и дал нови ветувања за нови промени на законите со кои ќе се подобри состојбата во овој сектор и ќе се решат проблемите на лозарите. Со паушални и измислени измени на закони нема да се решат проблемите. Проблемите мора да се решат системски, затоа имаме  чесен пристап, ќе понудиме тим коишто ќе биде чесен, одговорен и искрен, но и политики зад кои цврсто ќе застанеме.