Пандата Лун Лун од зоолошката градина во Атланта, во САД, роди близнаци, пренесоа американските медиуми.

Деветаесетгодишната Лун Лун, претставник на видот големи панди, вчераутро роди двете мали мечиња. Тоа е втората двојка близнаци, родени од неа, информира градината.
Лун Лун била вештачки оплодена во март.
Лун Лун на својот партнер, 18-годишниот Јан Јан, му родила вкупно седум панди, и сите со вештачко оплодување.
Се очекува двете близначиња првпат да бидат покажани во јавноста во декември или на почетокот на јануари.