Ви ги претставуваме двете јахти на италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани, кои обично пловат крај брегот на Сен Тропе.
Првата јахта на моделиерoт се викаше “Мариу”, а дизајнот ѝ е дело на миланскиот архитект Џанкарло Ортели. Џорџо го купува 50-метарскиот брод во 2003 година, крштавајќи го по мајка си Марија, но во 2013-та ја продава на грчки бизнисмен.
Сегашната суперјахта на Армани исто ја следи неговата филозофија за едноставност, елеганција, комфор и функционалност. Таа е долга “само” 65-метри и се вика “Мејн”.
Минималистичките ентериери на луксузниот брод природно се дело на самиот Армани кој ја опремил со едноставен, но топол мебел од неговиот бренд Armani Casa. Нејзиното челикно куќиште е во боја графит сиво, а алуминиумската надградба е во бисерно сива.
Со овој брод Армани плови најчесто во водите околу Пантелерија, остров во далечниот крај на Средоземното Море, во близина на Тунис, каде што тој има куќа.
Армани е извонреден со тоа што се уште е сопственик на 100 проценти од нивната компанија, која покажува рекордни финансиски резултати од годишни приходи од над 2 милијарди евра и профит од повеќе од 400 милиони евра.
Видете ги сликите на двете јахти на Армани во галеријата.