И САД не се семожни!! НАСА смета дека ќе треба да продолжат да купуваат од Русија места за астронаути

од desk3
84 прегледи

“Програмата за пилотски истрелувања на САД се одолговлекува и тоа ќе доведе до потребата НАСА да продолжи да се потпира на Русија при испраќањето свои астронаути во вселената”, се вели во извештај на генералниот инспектор на НАСА, цитиран од “Взглјад” .Во 2014 година . НАСА склучи договор со Boeing и SpaceX, со кој треба да испорачаат американски астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС). Но програмата за пилотирани истрелувања се одолговлекува и тоа ќе доведе до потреба САД да побараат дополнителни места од Русија, за да се обезбеди постојано присуство на САД на МВС, соопшти RT, повикувајќи се на “Вашингтон пост”.

1473041308-iss12

Весникот забележува дека цената на овие “пратки” со еден астронаут во орбитата, со помош на ракетата “Сојуз”, драстично е поскапена од почетокот на 2010 година до сега. Додека американската програма за вселенски шатлови работеше, цената беше во рамките на $ 26,4 милиони. За место во 2012 година цената достигна $ 51 милиони.

Американското издание забележува дека до сега САД платиле на Русија за превоз на астронаутите до МВС 3,4 милијарди долари.

“Взглјад” потсетува дека на 8 август, медиумите објавија дека во САД ја почна монтажата на приватниот вселенски брод “Старлајнер” (Starliner).

Во јули НАСА соопшти дека САД не планираат да го продолжат договорот со “Роскосмос” за транспорт на астронаути до МВС по 2019 година, но дискусијата за таква можност продолжува. Во јуни директорот на “Роскосмос” Игор Комаров соопшти дека има подготвеност за превоз на астронаути од Индија и Кина до МВС, заедно со Американците, па дури и заедно да создадат бренд за вселенски туризам.