[РЕЦЕПТ] Печени гнезда со јајце и авокадо

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Ви нудиме еден вкусен рецепт, погоден за лесен летен ручек или вечера. Тој се прави во калапи за мафини, но јадењето е солено. abd3f90baf760ebaf1321d34db4893eb

Изработката на гнездата ќе ви потрае не повеќе од 30 минути. За целта ќе ви треба калап за мафини / колачи со 8 гнезда.

Еве ги и потребните производи: 1 чаша рендано сирење чедар / може и кашкавал, 1 голем, рендан компир (може да се користат и бланшираните компири за пржење), 1 лажица маслиново масло, 8 јајца големина М, сол и бибер по вкус, 2 парчиња сецкана сланина, 1 лажица сецкан магдонос, 2 ладни авокада, се сече на парчиња.

Инструкции за подготовка:

Фото: thecookingjar.com

Изрендајте ги компирот и сирењето чедар, и  измешајте ги со солта, црниот пипер и маслиновото масло во голем сад. Потоа распоредете ја смесата подеднакво во држачите за мафини, асо прстите обликувајте ги цврсто на ѕидовите на формите.

Фото: thecookingjar.com

Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ги гнездата да се запечат за неколку минути, додека сирењето / кашкавалот не се стопат.

Потоа извадете ги од рерната и потчукнете по едно јајце во секое гнездо, по што ќе го зачините со сол и бибер по вкус. Одозгора распоредете сецкана сланина и ставете уште малку сирење чедар/ кашкавал и магдонос.

Фото: thecookingjar.com

Печете ги гнездата на 180 степени додека јајцата се стегнат (за околу 13 до 16 минути).

Извадете го јадењето и оставете го да се излади. Потоа користете внимателно нож по рабовите на гнездата, за да ги извадите цели и неповредени. Послужете ги со неколку парчиња ладно авокадо.

Фото: thecookingjar.com