Научниците во паника од нова закана за планетата

од Vladimir Zorba
121 прегледи

1473058768-shutterstock-355162442 (1)

Биодиверзитетот е загрозен: бројот на четири од шестте вида човековидни мајмуни забрзано се намалува.

Најголемите горила во светот се на пат да исчезнат, соопшти вчера Меѓународната унија за заштита на природата, пренесува Франс прес.

Во дивината се останати само околу 5.000 примероци од источно конгоанските горила (Gorilla beringei), чија популација за последните 20 години е намалена за над 70 отсто, истакна во соопштението на организацијата.
Четири од шесте вида човековидни мајмуни – источно конгоанските горила, западно конгоанското (обично) горило, борнејски орангутан и суматранскиот орангутан – се критично загрозени дод исчезнување.

Останатите два вида – шимпанзо и бонобо – исто така се на црвената листа на организацијата за загрозени видови, но се уште популацијата не стигнала на критично ниско ниво.

Организацијата соопшти позитивни вести за гигантската панда (Ailuropoda melanoleuca). Долгите години борба за заштита гигантската панда конечно дадоа резултат и тоа помина од категоријата “загрозен” во оваа на “ранлив” изглед.

Во моментот во светот има околу 2060 панди на слобода.