Топ 5 на трендовите за есен-зима 2016

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Додека ние уште се радуваме на топлите сончеви денови, модната индустрија френетично селектира и презентира модни трендови.0e1639a8c2cb8af877bb5a36b5b11e50 (1)

Иако веќе имаме поим што ќе биде актуелно во пролет-лето 2017, доаѓа момент во кој најмалку треба да ги забавиме нештата и да се фокусираме на оваа и престојната сезона.

Во случајот доаѓа време да се обрне внимание на она што ќе го носиме во есен-зима 2016, за да се подготвуваме отсега со гардероберот.

Ви ги претставуваме топ 5 на трендовите кои се покажаа како задолжителни за претстојните месеци.

Еве кои се тие.

1. Балетvalentinno-fall-2016-2017rtw-

Балетската облека е исклучително актуелни уште од крајот на летото и се појави за да се задржат и во малку потоплата есенска облека. Се околу балетански тренд се карактеризира со фееричност, леснотија и палета на бои од нјуд бои. Држете се до феерични фустани, слободни горни делови и папучи.Miu-Miu-Black-Lace-up-Ballet-Flats-fashion-week-fall-2016-street-style-22-1048x675

2. Метални блескоци

Најбрилијантните материјали се само и единствено за моментите во кои излегувате со пријателите. Комбинирајте ги со тексас, патики и други класични компоненти на изгледот за да се донесе баланс.elle_fw16trends_metalelle_newtrends_tinsel

3. Игра со тексас

Од фармерките и тексасот јакни со различни комбинации на сино, до кошули и тексас јакни со апликации, задолжителните класични компоненти на изгледуваат претрпуваат модернизација. На овој начин нашите секојдневни силуети стануваат значително поинтересни и разновидни.

4. Кадифеelle_fw16trends_velvet

Од пред извесно време најдовме нешто заедничко помеѓу сите личности и познати лица – носете кадифе. Тоа е сигурен знак дека трендот едноставно нема да исчезне наскоро, но и ќе се етаблира како задолжителен за есен 2016.

5. Спортска облека

Активната современа жена вешто комбинира секојдневен изглед со спортскиот дух. Голем дел од модните дизајнери се свртеа токму во оваа насока и наметнаа една од водечките трендови за есен 2016 – спортска облека во секојдневниот живот.