[РЕЦЕПТ] Брзо пилешко со лук

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Состојки:
500 г пилешки гради без кожа
3 лажици масло
сол, бибер по вкус
мал кромид
4 лукчиња
лута пиперка5f8bf12623ddb36dd017583c7de0cf99

Подготовка:
Загрејте добро тава со нелеплив слој. Во сад се комбинираат маслото заедно со истолчениот лук, ситно сецкан кромид, сол и црн пипер. По желба може да додадете и лута пиперка за повеќе зачин. Промешајте ги добро состојките и намачкајте го месото од двете страни.

Потоа ставете во тава. Ќе ви требаат околу 15 минути, за да го запржите добро и од двете страни (околу 7 минути на страна, но често менувајте го месото, за да фати златна кора и да се испече рамномерно).

Слични содржини