158
Состојки:
1 големо созреано авокадо
40 г природно какао
½ чаша јаворов сируп или мед
2 лажички екстракт од ванила
малку сол
Подготовка:
Пресечете го авокадото на половина и отстранете ја семката. Со помош на лажица извадете го дебелиот дел. Ставете го во кујнски блендер (може да го направите десертот и со миксер, блендер) и додадете ги во него останатите состојки.
Мешајте до добивање на мазна смеса. Префрлете го кремот во чинии и оладете за 20-30 минути во фрижидер. По желба може да посипете со мелени ореви или да додадете свежо овошје.