Состојки:
6 јајца (може и повеќе, но тогаш треба да се зголемат и останатите состојки)
1 лажица мајонез
1 лажица топено сирење
10 маслинки каламата без семки
1 чешне лук
1-2 страка млад кромид
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Прво сварете ги јајцата во солена вода (околу 15 минути). Откако јајцата се варени и малку ладни, може да ги излупите и да ги пресечете на две по должината. Со помош на мала лажичка, одвојте ги жолчките од белките.
Ставете ги жолчките во сад и кон нив додадете го мајонезот, топеното сирење, толчениот лук, исечени на не многу ситно маслинки и кромид. Зачинете со сол и црн пипер и добро промешајте.
Наредете ги белките во соодветна чинија и исполнете ги со помош на шприц или лажичка.