Во светот на модата дефинитивно треба да се оддаде должно внимание на различните пристапи за развој, особено ако тие настануваат полека и сигурно.
Токму тоа може да се каже за Кристијан Лубутен, кој ја превзема козметичката индустрија. Познатиот дизајнер ги воведе лаковите за нокти во пакување како струја за прв пат во 2014 година, а во 2015 претстави кармини, состаени од ѓердани.
Во својата доследност, 2016 дефинитивно е годината на мирисите – Лубутен претставува нова линија од три мириса.
Секој мирис е создаден со инспирација од трите различни личности на жените на Christian Louboutin. “Bikini Questra Sera” е како топли летни ноќи со јасмин. “Tornade Blonde” е црвена роза, темјанушки и рибизли, а “Trouble in Heaven” е со навестувања на пачули.
“Сакав да ја претставува жената и нејзините желби. Сакав овие мириси да го истакнат секој аспект на нејзината личност или дури да открие нешто за неа, за кое никој не се сомневал “, изјави Лубутен.
За шишенцата на мирисите дизајнерот работи со британскиот дизајнер Томас Хиторуик, а крајниот резултат е шарени и стаклени шишиња со засенчени бои.
Можете да ги видите парфемите во нашата галерија.