Академиците Албанци со еден ден задоцнување се оградуваат од изјавите на претседателот на МАНУ, Таки Фити кој во нивно присуство го оспори потеклото на Мајка Тереза, велејќи дека таа има мешано етничко потекло, информира АлсатМ.
Во соопштението на академиците Луан Старова, Алајдин Абази, Абдулменаф Беџети и Изет Зеќири се вели дека никој нема право да го негира идентитетот на Мајка Тезера, кога и таа самата се изјаснила како Албанка.
„Категорично се оградуваме од одговорот на претседателот на МАНУ, Таки Фити со тенденции да го оспори националното потекло Св. Мајка Тереза и присвојување на нејзината личност. Никој не може да ја определи националната припадност на кого било, а уште помалку на личноста на Св. Тереза кога таа самата во нејзиниот тестамент по крва линија го определува албанското потекло„, стои во соопштението на албанските академици.
Целиот текст можете да го прочитате тука