
Дизајнот на парите кои секојдневно минуваат низ нашите раце, ретко кој го забележува, а тој веќе 20 години не е изменет, информира Телма.
Речиси подзаборавивме и кои се скалила требаше да ги поминеме за да дојдеме до банкноти кои ги задоволуваат сите критериуми. Веднаш по осамостојувањето, привремено во Македонија во употреба беа т.н вредносни бонови, сите со ист дизајн, различни по боја и без име.
Една година потоа НБРМ пушти во оптек пари со заштитни елементи на хартијата, но и тоа не без вистинските пари односно не беа во формата и изгледот што денес го знаеме.
-Процесот на печатење во прифатлив дизајн за јавноста трае најмалку 3 години.Ги завршивме активностите со конкурс на кој победи Билјана Унковска и нејзините дизајни ги има на 5 од сегашните банкноти, потсетува екс вицегувернерот на НБРМ, Томе Неновски.
До денес во употреба се 6 банконоти, од 10, 50, 100, 500 и 1000 денари. Банкнотата од 5000 денари малку е позната поради високата вредност, а е испечатена за да биде вентил за заштита од евентуална растечка инфлација.
Целиот текст можете да го прочитате тука