
Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, сегашен претседател на ВМРО-НП во интервјуто дадено за Утрински весник посочува дека не може да се каже дека предолгото чекање пред ЕУ е виновно за состојбата во Македонија. Условите за влез во ЕУ и НАТО многу одамна се формулирани, а тоа било „ компромис со Грција„.
– Не знам зошто некои луѓе во политиката во Македонија се прават луди по тоа прашање, кога требаше да знаат и пред да дојдат на власт дека тој проблем ги очекува. Нема што да се лутиме ниту на ЕУ, ниту на НАТО. Тие застанаа по принципот на солидарност на страната на Грција.
Георегивески смета дека овој евроскептицизам и антиамериканизам кој се форсира дополнително се засилува во контекст на последнава политичка криза. Тој е убеден дека тоа е погрешна карта, бидејќи е јасно дека целата криза е внатрешна. Според него Специјалното јавно обвинителство треба да расчисти дали повеќе се виновни луѓето кои се блиску до СДСМ или пак комплетно се одговорни луѓето од власта кои извеле едно од најграндоманските прислушувања во историјата на Европа.
Целото интервју на следниот линк на Утрински весник.