Пуштен на пазарот еден од најскапите имоти во САД

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Ја прогласија за продажба куќата во околината на Лос Анџелес, во која се снимени сцени од култната американска лента “Кум”.5054378 Според “Волстрит џурнал” (Wall Street Journal) цената за местото на кое Френсис Форд Копола снима делови од филмот, е 195 милиони американски долари. Сега станува збор за изградени во 1925 година згради во Беверли Хилз, западниот дел на Лос Анџелес.

Имотот се смета за еден од најскапите во САД. На површина од два хектари има шест згради, вклучувајќи ноќен клуб и кино. Комплексот од станбени згради се состои од 28 спални и 38 бањи. Има сценски градини, два тениски игралишта, базен и зона за приеми, предвидена за 400 лица.

Архитектурата е комбинација од шпански и италијански стил. Проектот е на американскиот архитект Гордон Кауфман, кој стана познат со учеството во изградбата на ѕидот на браната “Хувер” во долниот тек на Колорадо во 1936 година.

Во последно време имотот се даваше за изнајмување за 600 илјади долари месечно. Сегашниот сопственик – инвеститорот Леонард Рос – бара 30 милиони долари повеќе отколку беше претходната проценка, посочува весникот.

За најдобро познат од сопствениците се наведува американскиот медиумски магнат и основач на холдингот “Херст корпорејшн” (Hearst Corporation) Вилијам Херст, кој е меѓу креаторите на т.н. „жолт печат”.

Во објектот го има поминато својот меден месец во 1953 година 35-от претседател на САД Џон Кенеди и неговата сопруга Жаклин. Покрај сè друго, местото е познато и како сетот за неколку сцени од “Кум”.