[РЕЦЕПТ] Гарнир од печен морков со лук

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Состојки:
½ кг моркови
2 чешниња лук
сол
црн пипер
магдонос
2 лажици маслиново масло16b54b1d5e85d9f5ab3d1181684baa3e

Подготовка:
Морковите се лупат, мијат и се сечат на половини. Потоа на четвртинки, па да се добие нешто како стапчиња.
Лукот се лупи и сече на ситно. Морковите се ставаат во сад за печење, по што се попрскуваат со маслиновото масло. Се додаваат зачините и се мешаат.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека омекнат.