Честитка од британската Кралица Елизабета Втора за Денот на независноста

од desk3
185 прегледи

Кралицата на Велика Британија Елизабета Втора денеска упати честитка до претседателот на државата Ѓорге Иванов, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

2316585991_db1bd51895_z

„Ми причинува огромно задоволство да Ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во годината што следи“, се вели во честитката на Британската кралица.

Република Македонија и Велика Британија воспоставија дипломатски односи на 16 декември 1993 година и оттогаш, како што стои во прилог на честитката, двете земји изградија партнерство „базирано на соработка и отворено и искрено пријателство“.

Денеска преку својот твитер-профил Денот на независноста го честиташе и амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, кој се поклони пред Споменикот на паднатите херои во паркот „Жена борец“.

„Среќна 25-годишнина од независноста, Македонија! Очекувам да продолжи нашето пријателство и партнерство“, напиша денеска на „Твитер“, амбасадорот на Соединетите Американски држави во земјава, Џес Бејли.