
Од Советот на Федерацијата објаснија и зошто.
Москва нема да одговори позитивно на барањето на Анкара да испрати руски копнени сили во поддршка на операцијата на Турција во Сирија, иако има таква законска можност.
Ова го изјави во четвртокот (8-ми септември) за “Известија” првиот заменик-претседател на комисијата за одбрана и безбедност во Советот на федерацијата Франц Клинцевич.
На 6 септември Турција се сврте кон Русија и уште неколку земји со барање да испратат копнени сили за поддршка на операцијата “Штитот на Еуфрат” во Сирија. Предлогот беше направен од страна на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, потсетува весникот.
“Има одлука на Советот на Федерацијата за учество на вооружени сили на Русија во Сирија.
Право e на претседателот дали тоа ќе се искористи. Но уште од самиот почеток претседателот рече дека Русија нема да учествува во копнена операција. Секако дека без таква операција, победата против ИД е невозможна.
Но, проблемот е во тоа што тајни служби на САД и некои други земји од НАТО и помагаат на опозицијата, вклучувајќи и на терористите. Во оваа врска со ва не мислам дека Москва ќе тргне да испраќа свои делови во Сирија. Не мислам дека ваквиот потег ќе биде поддржан од општеството “, истакна Франц Клинцевич.
“Москва едвај ќе одговори на турскиот предлог, а ваквиот потег бара потпишување на претходен договор меѓу Русија, Сирија и Турција.
Во оваа врска со ова земјата ни би можела да влијае на воздушно прокритие на турските војници и така да се префрли на овој терен со САД и нивните сојузници, кои сега ги поддржуваат Турците од воздухот. Не е исклучено исто преку Русија турското раководство да се обидува да го легитимира присуството на сириска територија, а потоа – да бара нормализација на односите со Дамаск под една или друга форма “, вели експертот за” Известија “.