(ВИДЕО) Старо – нова приказна во МВР

од Vladimir Zorba
160 прегледи
Петнаесетте раководни позиции кои ќе ги назначи министерот Оливер Спасовски нема да го департизираат МВР, а прашање е дали со тие промени изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера, сметаат дел од аналитичарите кои говорат за 24Вести.
Старо-новиот министер ќе има минимални можности да се бори против партизираноста , а негово секојдневие ќе бидат внатрешните опструкции, анализира поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и УБК, Горан Митевски.
Иако звучи неостварливо Спасовски може да го искористи член 16 од законот за полиција и да предложи до Владата разрешување на Чавков од челната позиција во БЈБ, смета Митевски. Раководните места кои ќе ги предложи Спасовски во БЈБ ќе бидат најпроблематични, вели поранешниот разузнавач.
Целиот текст можете да го видите тука