Железна завеса

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

goran-mihajlovski[1]

Ако не нè убие патетиката на Ѓоле и патриотизмот на Груевски, тогаш ќе нè убие симболиката на „Скопје 2014“. Во предвечерието на најголемиот јубилеј, додека Армијата пукаше со почесни плотуни од Кале, во центарот на Скопје пукна канализациона цевка. Сите гомна излегоа на површина. И го затворија мостот „Слобода“. Гомната не го издржаа притисокот. Како ли им е на луѓето.

 Но, тоа не е сè. Од пукнатата цевка се направи езеро кај Министерството за надворешни работи. И со црево покрај златната ограда од милион евра водата од дипломатското езеро се исфрлаше во Вардар. Природно течење, како што било од век и веков. Солун е наш. Која симболика, кое срање… Дипломатски притисок врз Грција. И тоа баш на 8 Септември.

Но и тоа не е сè. Новинарите беа спречени да го снимаат градилиштето и фекалното езеро. На мостот „Слобода“ полицијата ги чуваше гомната од очите на јавноста.

Па, како да не ја сакаш Македонија!

Целата колумна на СДК на следниот линк.