Секоја поза влијае на силните и слабите страни на телото.
Јога е наука и пракса за самоосознавање. Секоја поза влијае на силните и слабите страни на телото. Со овие 3 јога пози пак, ќе постигнете рамнотежа во емоционалноста на тело.

Поза “Сфинга”
Сфингата е чувар на храмот и оттаму доаѓа и заштитната функција на позата. Таа е лесна за спроведување, овозможува да се опуштите целосно.
Легнете на стомак на земјата со раце свиткани така што лактите да бидат точно под рамениците. Потпрени се на дланките и лактите, кои се наоѓаат паралелно и се на ширината на рамената. Раширете ги прстите на рацете и ги притиснете цврсто на земјата. Се држат стабилно – тоа делува на нервниот систем. Не напрегнувајте ги мускулите на колковите.
Чувајте ја главата високо дигната. Релаксирајте ги рамената. Позата е корисна за кичмата, надбубрежните жлезди, јајниците, тимусот жлезда, имунолошкиот систем, хормоналниот баланс, нервниот систем, бубрезите. Помага за зголемување на секрецијата на серотонин и намалување на ризикот од депресија или постоечката таква.

Поза “Кобра”
Очите на кобра се секогаш отворени. Тие гледаат нагоре, а срцето се отвора за нови можности и трансформација.
Легнете на стомак со собрани нозе. Нека челото ви го допира подот. Ставете ги рацете настрана до ребрата со дланките свртени надолу, кои се притискаат во подот. Чувајте ги лактите блиску до торзото. Подигнете се малку со помош на мускулите на грбот, главата се крева, а рамената се стеснети назад, опуштени и далеку од ушите. Штом ги користите мускулите на грбот, би требало да успеете да го кренете рацете од 2 до 5 сантиметри од подот.
Вратете рацете назад на подот, прстите се растворени. Просечниот прст посочува напред. Како ги стегате дланките на подот,обидете горниот дел на телото до една третина од можната висина да го кренете. Темето свртена нагоре. Направете длабоки вдишувања и издишувањат преку носот и држете така 30 секунди.
Позата е корисна за јајници, матка, надбубрежната жлезда, дишење, рбетен столб, нервен систем, циркулација и бубрези.

Поза “Чамец”
При поза “Чамец” желудникот се притиска кон земјата, а нозете се истегаат, се одржува рамнотежа на телото.
Легнете на стомак со рацете опуштени крај телото. Дланките свртени надолу, нозете се раздвоени еден од друг на ширината на колковите.
Брадата допира подот. Притиснете карлицата кон подот, ако се напрегнуваат мускулите на задникот, грбот и нозете. Истовремено подигнете се од подот со рацете и нозете и да ги испружете. Во исто време држете рамената опуштени и стеснети назад. Подигнете глава и гледајте напред. Дишете со стомакот; направете од 5 до 10 вдишувања и издишаете низ носот. Опуштете се и бавно дишење. Почуствувајте како се обновува и подмладува вашето тело. Повторете 2-3 пати.
Позата помага за исфрлање на токсините од бубрезите, ја подобрува состојбата на јајниците, го зголемува нивото на енергија во организмот и хормоналниот баланс.