Една од најомилените серии на жените е “Сексот и градот”. Телевизиската приказна за четирите неверојатни дами е базирана на истоимениот роман на американската новинарка Кендис Бушнел. Од 1998 година до денес, еден серијал проследен со два филма, го промени нашето видување за жените, кариерата, сексот, љубовта, врските и модата.
Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме некои помалку познати факти за “Сексот и градот”.
Секоја епизода на серијата започнува со кадар во кој Кери е на улицата, облечена со розова маичка и неверојатно бело здолниште од тул. Можеби мислите дека тоа е дизајнерски модел, но всушност чини само 5 долари.
Синтија Никсон е природно русокоса, но ја премачкува косата во црвено за ликот на Миранда.
Во епизодата “Бегство од Њујорк”, Кери се среќава со Метју Макконахи. Првично продуцентите го упатиле повикот кон Алек Болдвин, но тој ги одбива.
Вистинското име на Ѕверката е Џон Џејмс Престон. Во вистинскиот живот тоа е актерот Крис Нот.
Знаете ли дека станот на Кери не постои? Додека ја гледаме серијата си сонуваме некој ден да поминеме по улицата на Кери или дури и да го изнајмиме станот, а едвај претпоставуваме дека тој е специјално изграден во киностудио.
Всушност останатите адреси на девојките исто така се нереални. Во вториот филм “Сексот и градот” девојките пристигнуваат на аеродромот во Маракеш, а не во тој на Абу Даби.
Коктели, шампањ, вино … Сите овие пијалаци кои се присутни во речиси секоја епизода на серијата всушност не се реални. Црвеното вино е сок од грозје, коктелот “Космополитен” е разреден сок од боровинки, а ѓумбир-пиво заменува шампањ.
По завршувањето на серијата Сара Џесика Паркер задржува 70% од моделите на Кери. До крајот на серијата ниту една од четирите хероини не облекува повторно некоја тоалета, со исклучок на Кери, која во последната епизода е облечена со палтото кое го носи во првата епизода.
Знаете ли дека петтата сезона на серијата има само осум епизоди, бидејќи Сара Џесика е бремена во реалниот живот?
Сара Џесика Паркер требало да поминува 18 часа на ден носејќи високи потпетици.
Во првиот филм Кери открива една неверојатна книга насловена “Љубовни писма од големи мажи”. Всушност таква книга првично не постои, но интересот за неа е толку голем што фановите на “Сексот и градот” не престануваат да ја бараат. Малку подоцна таква книга е издадена и дури е достапна за купување на интернет.
Сара Џесика Паркер побарала во договорот да биде вклучена клаузула која вели дека таа нема целосно да се разголува.
По почетниот план Кери и Ѕверката не требало да се смират, но …
Дали се сеќавате на Ејдан и неговото куче? Е, првичното куче кое требало да се снима, многу се плашело од Џон Корбет (Ејдан), па морале да најдат друго.