Ангела Меркел и Владимир Путин

Обидите да се влијае на страните при подигнување на нивен кандидат за функцијата генерален секретар на ОН се неприфатливи. Информациите во бугарската печат дека Русија може да поддржи слични активности се лага. Ова го изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, одговарајќи на прашање на ТАСС во врска со објавите во бугарските медиуми дека канцеларката Ангела Меркелго договорила рускиот претседател Владимир Путин да го поддржи кандидат од Бугарија на функцијата генерален секретар на ОН, Кристалина Георгиева наместо кандидараната претходно од Софија Ирина Бокова.

“Неодамна, за време на средбата на Г-20 во Ханчжоу, германскиот канцелар се обиде да разговара со руските лидери за можната руска поддршка за друг страничен кандидат од Бугарија, а не за кандидариот официјално”, рече Захарова. “Но на госпоѓа Меркел и беше кажано јасно и категорично дека издигнување на кандидат за функцијата генерален секретар на ОН од некоја земја е исклучително и само суверено решение на оваа земја, а сите обиди директно или индиректно да се влијае на ваквата одлука се неприфатливи”, додаде таа.
“Ние видовме во овие пораки во бугарската печат за тоа дека Русија божем е вовлечена во слични игри за промената на кандидатите, па дека бугарската влада планира да ја промени својата одлука и да преназначи кандидат под притисок на било какви надворешни играчи. Тоа не може да биде дефинитивно , освен обид нашата земја да биде вовлечена во какви зад сцената игри “, истакна портпаролот на руското Министерство за надворешни работи. Ирина Бокова, која во моментов го предводи УНЕСКО, беше подигната на 11 февруари 2016 година за функцијата генерален секретар на ОН од постојаното претставништво на Бугарија во ОН. Позицијата генерален секретар на ОН, кој од 2007 година ја зазема јужнокореецот Бан Ки Мун, ќе се ослободи од 1 јануари. Според постоечките правила за назначување претенденти за оваа позиција треба да собере 9 гласа “за”, вклучувајќи на сите пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Потоа името на кандидатот ќе биде поднесена до Генералното собрание на ОН за одобрување. / ТАСС