Во последниот половина век во европските земји е зголемен бројот на мажите кои се занимаваат со грижата за домот. Тоа го констатираат научниците од Оксфордскиот универзитет, чија напис е објавен во списанието Demographic Research. 
Научниците го открија вкупното време, определено за куќната работа меѓу половите во земјите од Европа за периодот 1961-2011 година.
Во Велика Британија жените ја намалија куќната работа за 121 минута во наведениот период. Од друга страна, посилниот пол одвојува повеќе време за бришење на правот, шопинг или чистењето со правосмукалка.
Во земјите од Северна Европа, особено во Норвешка и Финска, најјасно се забележува трендот за еднаквост на половите во грижата за домот. Знак на овој тренд е зголемувањето на бројот на мажите домаќин(к)и.
Сепак за половина век жените одвојуваат во просек повеќе време од мажите за куќната работа. Во овој поглед Шпанките и Италијанките ги “победуваат” жените од други земји. А, сепак промени има и тука. Ако во 1980 година Италијанките одделуваа за домот годишно 243 минути повеќе од посилниот пол, во 2008 година разликата падна до 183 минути.