Три жени во бурки биле застрелани откако се инфилтрирале во полициска станица, избодиле полицајци и ка запалиле зградата со “Молотов” коктел . Тоа го соопштија полицајци и сведоци, пренесува британскиот весник “Експрес”. Момбаса, во кој живеат голем број муслимани, се наоѓа на брегот на Кенија. Во последните години, градот е честа цел на терористите, иако нападите се намалуваат.

Под изговор дека сакаат да поднесат пријава за украден телефон, жените влегле во полициската станица во саботата наутро, а криеле под облеката нож и коктел “Молотов”.
Локалниот полициски шеф Патерсон Маело рече: “Додека полицајците ги распрашуваше едната извадила нож, а другата фрлија запаливи бомби врз полицајците. просторијата се запалила. Полицајците ги застрелале жените. Двајца полицајци се повредени и се во болница. Се претпоставува дека станува збор за терористички напад “.
Маело не рече која група ја презеде одговорноста за нападот.
Очевидецот Салма Мохамед раскажа дека едната од жените скокнала и прободила полицаец во бутот, а потоа била застрелана.