(ВИДЕО) Хилари Клинтон се чувствувала лошо за време на службата по повод “11 септември 2001 година”

од Vladimir Zorba
107 прегледи

image_5756557_126

Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон се чувствувала лошо и ја напуштила порано службата во Њујорк, која се правеше во спомен на жртвите на терористичките напади од 11 септември 2001 година, пишува весникот The Washington Post.

Портпаролот на кампањата на поранешниот државен секретар на САД прецизираше дека Клинтон е останала околу час и триесет минути на церемонијата утринава за да им оддаде почит на загинатите и да ги поздрави некои од роднините на жртвите.

Таа сепак се чувствувала лошо и го напуштила настанот, одејќи кон станот на својата ќерка. Прецизирано беше дека во моментот Хилари Клинтон се чувствува многу подобро.

https://youtu.be/0fqSghTIXPQ