4 трикови со кои ќе го натерате да се заљуби во вас

од Vladimir Zorba
604 прегледи

Британската секс експертка Трејси Кокс открива како една жена може да направи секој маж да се вљуби во неа.d07ee9c60921dcbd28da82ddfaf4dc55

Според истражувањата околу половина од сите мажи се вљубуваат на прв поглед, но другата половина може да се придобие постепено со некои лесни трикови.

Трејси Кокс се потпира на науката, откривајќи ги следниве техники, кои ќе работат во ваша корист во почетокот на вашата врска со даден маж:

1. Во почетокот однесувајте се достапно, кокетно и лежерно

Колку повеќе сте во интеракција со некого, толку повеќе тој ќе ви се допаѓа, вели Дејвид Либерман, американски експерт за човековото однесување. Неколку авторитетени истражувања покажуваат дека ако една жена се прави на дистанца и недостапна уште во почетокот, мажот ќе ја отпише како арогантна и ладна, дури и да е привлечен од неа како надворешност. Во почетокот однесувајте се со мажот флерти и пријателски, додека не се убедите дека сте го придобиле.

2. … дури потоа започнете да станувате непристапни

Кога веќе сте почувствувале дека тој е заинтригиран од вас, почнете малку по малку да се повлекувате и да се правите на понедостапни. Општо познато е дека мажите ценат повеќе жените кои се тешки за победа.

3. Не трудете се за него, туку оставете тој да се труди за вас

Натерајте го мажот да се потруди да ве направи среќна. Нека тој вложува повеќе напор од вас, а вие давајте впечаток дека навистина го заслужувате. Не се фрлајте вие да му правите подароци и услуги, само за да го натерате да се чувствува посебен. Ова мора да е негова работа.

4. Гледајте го мажот во очите

Научниците од Универзитетот Харвард тврдат дека ако може љубовта да се измери научно,  треба да се сними времето поминато на вљубените загледани еден во друг. Според истражувачите вљубените парови се гледаат во очи 75 проценти од времето кога зборуваат. Во нормален разговор, луѓето се гледаат меѓу 30 и 60 проценти од времето. Односно, загледувајте се вљубено почесто во мажот, а во спалната не заборавајте да го гледате директно.