
Конзервативците со провокативни изјави кон сопствениот премиер.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон застанува на чело на група политичари, кои ќе инсистираат пред премиерот Тереза Меј за “тврд Брекзит”. Џонсон, кој беше едно од главните лица на кампањата за излегување на Британија од ЕУ, е загрижен дека Меј може да попушти и да избере помека опција за повлекувањето на кралството од Унијата, пишува “Дејли Меил”.
“Да ја промениме Британија” – така се нарекува групата од политичари, кои ќе инсистираат на “тврд Брекзит”. Во неа влегуваат поранешниот кандидат за лидер на конзервативците Мајкл Гоув, советникот на Маргарет Тачер Најџел Лоусон и поранешниот советник на Дејвид Камерон Стив Килтн.
Целта на нивната кампања ќе биде да вршат притисок врз Тереза Меј да не преговара за “Брекзит-лајт” – омекната варијанта на излегувањето на земјата од ЕУ. Тој би вклучувал компромиси за контрола на приливот на имигранти во замена за поголем пристап до единствениот европски пазар.
Во видео обраќањето, со кое Џонсон го најави почетокот на кампањата, тој вели: “Брекзит значи Брекзит и тоа значи исполнување на неговите прописи и обновување на контролата на Велика Британија врз нејзините закони, граници, пари и трговија”. Тој се обраќа кон сите кои се “за” и “против” ЕУ да “грабнат можноста што оваа земја сега им обезбедува и да создадат една нова возбудлива и позитивна врска со ЕУ, но исто така и со остатокот од светот”.
Пратеникот од Лабуристичката партија Жизел Стјуарт, која ќе претседава со “Да ја промениме Британија”, исто така, направи провокативна изјавата во која наведе дека токму референдумот за излез од ЕУ е причината поради која Тереза Меј стана премиер.