Ќерките на Маурицио Гучи – Алесандра и Алегри Гучи, пуштија за продажба пентхаус во њујоршки облакодер пред 2 години. Отприлика во тоа време нивната маќеа, Патриција Реџи, излезе од затвор, каде помина 16 години.
Во 1995 година г-ѓа Реџи ангажира мафијаш кој ќе го убие нејзиниот сопруг, 46-годишниот Маурицио Гучи. Маурицио е внук на основачот на модната куќа “Гучи”. Тој се разделува со Патриција поради помлада жена во 80-тите години на минатиот век.
Италијанските медиуми пак ја крштеваат Реџи “црната вдовица” по убиството на Маурицио пред луксузниот дом во центарот на Милано.
Набргу откако маќеата на Алесандра и Алегри влегува во затвор, сестрите Гучи се преселуваат во њујоршкиот пентхаус. Не е јасно дали тешките спомени влијаеле на сестрите да го пуштат пентхаусот за продажба или нешто друго го бара тоа, но продажбата е факт. Почетната цена е 45 милиони долари, но недостатокот на купувачот имал негативен ефект врз износот. Откако е на пазарот, пентхаусот е поевтинет за 10 милиони долари. Дали цената ќе се задржи? Еден Бог знае…
Имотот се наоѓа на 50-тиот и 51-тиот кат на кулата “Олимпик Тауер”, сместена централно во мегаполисот Њујорк. Големината на двоспратниот стан е речиси 880 квадратни метри, во кои се сместени 9 спални, 9 бањи, кујна, трпезарија, дневна и личен кабинет.
Пентхаусот е декориран во современ стил, а во него e уредено по последните внатрешни трендови. Чудесниот ентериер користи бои како ефекти.
Истражете го баронското живеалиште во нашата галерија.