Бритни е една од најуспешните пејачки на сите времиња. Продала над 100 милиони копии од албумите. Добитничка е на 317 награди, меѓу кои “Греми”, шест музички награди од MTV, 10 од “Билборд” и многу други.
Името на Бритни можеме да го откриеме и во холивудскиот Булевар на славните. На личен план поп пејачката е среќно разведена, се радува на две деца, но и на омилената публика.
Пред 4 години, сепак 34-годишната Спирс купи чудесен имот во градот на илјада дабови, Таузант Оукс во Калифорнија. Месноста е позната не само по дабот, но и со одлични глетки кон планинските масиви во близина.
Зградата е уредена во традиционален шпански стил. Издигната е во 2010 година по нарачка на хокеј играчот Рас Кортнејл и неговата сопруга, актерката Парис Вон. Но, изгледа двојката одлучила да го смени курсот во недвижниот имот, што ја наметнува продажбата на имотот. Финалната понуда која ѝ се допаднала на Бритни, била за 7,1 милиони долари.
Дали вреди за парите? Ајде да видиме.
Гигантската куќа претставува во поголемиот дел еднокатна градба која овде-онде се крева и до второ ниво. Шпанскиот стил преовладува во надворешноста, но не и во ентериерот.Внатре сетилата уживаат во еклектиката од индустриски, модерен и провинциски стил. Од архитектонска гледна точка за традиционален шпански стил зборуваат исклучиво колонијалните редови, кои се среќаваат во дневната.
Овие вкупно 800 квадратни метри се еднакви на 5 спални, 5 бањи, влез, винарски салон, друг за забави, одлична кујна, трпезарија, соба за игри, личен кабинет, неколку гардероби, личен спа центар, а во градината базен и скара. Гаражата собира 7 возила.
Истражете го секој детаљ од зградата на Бритни Спирс во нашата галерија.