Рускиот опозиционер Михаил Ходорковски кој живее во егзил во Лондон, денеска соопшти дека нема да се кандидира на претседателските избори во Русија во 2018 година, но ќе финансира кампања за изнаоѓање на алтернатива на Владимир Путин, ако рускиот претседател одлучи да се натпреварува за четврт мандат , пренесе Франс прес.

“Сакаме да им помогнеме на нашите сограѓани да одговорат на прашањето кој да го замени Путин”, изјави на прес поранешниот олигарх, кој е лежеше речиси десет години во руски затвор.
“Јас лично немам намера да се јавувам на претседателските избори, но сум секогаш подготвен да понудам помош на демократски кандидати и на земјата”, рече Ходорковски, кој по ослободувањето го предводи проевропското движење “Отворена Русија”.
“На луѓето им е преку глава од несменетата политичка елита на власт, кој е неспособна не само да се развие земјата, но и да ги ограничи апетитите”, додаде тој.
Првично опозиционерот и поранешен шеф на некогашниот нафтен гигант “Јукос” увери дека нема да се занимава со политика, откако во декември 2013 година беше помилуван од Владимир Путин и качен на авион за Берлин, забележува АФП.
Целта на проектот на Ходорковски со назив “На местото на Путин”, е да се најдат “нови политички личности” кои можат да се кандидираат на претседателските избори во Русија во 2018 година против Владимир Путин ако тој одлучи да се кандидира за нов мандат.
Во неделата “Отворена Русија” ќе претстави 19 кандидати на парламентарните избори и петмина за општинските избори на вториот по големина руски град Санкт Петербург.
“Ова се виртуелни избори за така наречен парламент, но целта ни е да го користиме овој политички спектакл, за да претставиме на јавноста некаква алтернатива”, рече поранешниот руски олигарх.